Top Sport

(Видео) Сабаленка ја победи Свитолина, но џабе чекаше ракување

Белорусинката Арина Сабаленка и Чехинката Каролина Мучова се пласираа во полуфиналето на Ролан Гарос првпат во кариерата – Сабаленка стигна до убедлива 6:4/6:4 победа над Украинката Елина Свитолина, додека Мучова ја совлада финалистката од 2021, Русинката Анастасија Паављученкова со 7:5/6:2.

Двете тенисерки пред оваа година го немаа поминато третото коло во Париз.

Свитолина беше „почестена“ со свирежи од дел од публиката откако ја продолжи „традицијата“ и одби да се ракува со Белорусинката. Сабаленка дојде до мрежата, гледајќи кон Свитолина, која пак воопшто не ја погледна противничката. Сабаленка играше агресивно и имаше дури 37 неизнудени топки, но ризичната игра се исплатеше и таа е во полуфиналето без загубен сеет.

Scroll to Top