Анхел ди Марија потврди дека нема да добие продолжување на договорот со Јувентус, збогувајќи се на социјалните мрежи со навивачите на „бјанконерите“ со „горчина“ поради тоа што не освоија трофеј.
„Завршивме еден тежок и компликуван период. Си заминувам со знаење дека го дадов максимум за овој клуб да продолжи да освојува титула, но тоа не беше возможно. Си заминувам со горчлив вкус во устата со неуспехот, но и со радост што добив многу пријатели во соблекувалнатаи на трибините. Им благодарам на соиграчите за љубовта која ја покажаа од првиот ден и го поздравувам сите Јувентини“, вели Ди Марија.
35-годишниот аргентински напаѓач пристигна во Јувентус од Пари Сен-Жермен како слободен играч минатото лето со едногодишен договор и сега си заминува исто така како слободен играч.