Top Sport

Очекувана победа на Сити над Њукасл (Видео)

Манчестер сити го победи Њукасл со 2:1, во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата.

Играчите на Пеп Гвардиола, доминираа во текот на целиот натпревар, но на крајот постигнаа само гол повеќе од противникот.

Англиските шампиони упатија 22 удари кон голот на Њукасл, а само два од нив ја погодија целта. Рахим Стерлинг погоди во осмата, а Кајл Вокер во 52.минута. Од друга страна играчите на Њукасл упатија само три удари кон голто на Едерсон, а Диандре Јелдин беше прецизен во 30.минута.

По четири кола Манчестер сити има десет бода, додека Њукасл го претрпе третиот пораз и остана на само еден освоен бод.

Во наредната рунда Манчестер сити ќе го пречека Фулам, а Њуксл ќе игра против Арсенал.

Scroll to Top