На шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф, не му пречеше кога неговиот тим освои седум титули во низа, а сега вели дека неговиот тим ќе го направи невозможното оваа сезона и ќе спречи ривалите од Ред бул рејсинг да ја „уништат“ Ф1 со победа на сите трки оваа сезона.
Макс Ферстапен победи пет пати оваа сезона, Серхио Перез додаде уште две победи, бидејќи РБ19 болидот на Ред бул се покажа как супериорен болид оваа сезона за втора сезона еднопоруго „бикот“ да доминира во Ф1. Мерцедес, кои покажаа ветувачки скок во перформансите на последната трка во Барселона, имаат доволно ресурси и квалитет да го спречат ова.
„Формула 1 е секогаш дизајнирана така што најдобриот треба да победи. Правилата се исти за сите. Кога некој ќе заврши подобра работа, мора да го признаете тоа без завист. Ред бул ја искористија ситуацијата и завршија најдобра работа, а ние се трудиме. Се надевам дека нема да победат на сите трки оваа сезона, бидејќи тоа ќе ја уништи Формула 1. Имаат болид со кој тоа е можно, но ние имаме најдобри возачи да се обидеме да го сопреме тоа. Мораме да го подобриме болидот за да им дадеме шанса“, вели Волф.