Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами. Откако имформацијата беше официјално потврдена, започна да расте бројот на следбеници на клубот, на социјалните мрежи.
Интер Мајами, во средата околу 21:30 часот по средноевропско време објави дека поранешниот играч на ПСЖ ќе игра за клубот од Флорида, а Интер Мајами за десет минути доби над милион следбеници на социјалните мрежи.
Меси имаше неверојатна финансиска понуда од Саудиска Арабија, но сепак избра да замине во САД.
Засега не се знае колку ќе заработи Аргентинецот, но познато е дека договорот е потпишан на три години со опција за раскин на крајот од секоја сезона.
Адидас и Епл, две компании со кои Меси има спонзорски договор, одиграа важна улога во неговото доаѓање во САД.
Исто така, по трансферот на Меси во американскиот клуб, минималната цена на билетите за натпреварите што ги игра Интер Мајами на домашен терен се зголеми за околу 16 пати – од 29 на 467 долари.