Top Sport

Крис Пол ќе добие отказ

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА, Крис Пол, ова лето ќе стане слободен агент. Оваа вест ја објави официјалната веб-страница на НБА, повикувајќи се на новинарот, Крис Хејнс.

Крис Пол наполни 38 години, а оваа сезона просечно постигнуваше најмалку поени во кариерата (13,9 по натпревар), а бележеше и девет асистенции по натпревар. Според Хејнс, одлука на новиот тренер Френк Вогел е Пол да добие отказ.

Пол пред две години со Санс влезе во финалето на НБА, во кое загубија од Милвоки Бакс. Оваа сезона Санс се пласираа во втората рунда од плеј-офот, за потоа да бидат елиминирани од финалистите, Денвер Нагетс.

Scroll to Top