Top Sport

Нејмар изразил желба да се врати на Барселона

Барселона не успеа во намерата да го врати Лионел Меси. Аргентинецот кароерата ќе ја продолжи во Интер Мајами. Каталонски „Спорт“, претпладнево објави дека Нејмар изразил желба да се врати во Барселона.

„Приоритетите се јасни, целта на Барселона е да ангажира ѕвезда која ќе прави разлика на теренот. Еден од играчите што и се нудат на Барса е Нејмар, кој сигурно ќе го напушти ПСЖ. Тој е подготвен да се врати“, тврди „Спорт“.

Чави Ернандез долго време ја планирал наредната сезона со Меси бидејќи имал гаранции од раководството дека трансферот на Аргентинецот ќе се случи. Беше подготвен дури и да ја смени тактиката, односно се да му биде пдоредено на Аргентинецот.

Од истиот извор доаѓа информација дека Чави се уште нема дадено изјава во врска со можното враќање на Нејмар. Тој им порачал на челниците дека приоритет треба да биде трансфер на фудбалер кој ќе го замени Серхио Бускетс.

Секако, со оглед на очекуваните заминувања на Ансу Фати и Феран Торес, неопходно е во тимот да дојде барем еден крилен напаѓач.

„Спорт“, понатаму тврди дека Нејмар е подготвен да игра за значително помала плата отколку во Париз (според актуелниот договор месечно инкасира околу 3.000.000 евра), но проблемот е што ПСЖ речиси сигурно би барал некаква отштета. А тоа заедно со платата би било премногу за Барселона, која се наоѓа во тешка финансиска ситуација.

Надежта на шпанскиот гигант ја подгрева фактот што ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од Бразилецот, што значи дека „светците“ би можеле да бидат флексибилни во преговорите околу обештетувањето.

Да потсетиме, за услугите на Нејмар наводно се заинтересирани Челзи и Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top