Бернардо Силва е подготвен по шест сезони да го напушти Манчестер сити. Во 2017 година, Сити на Монако му плати 50 милиони евра за Силва. Сезонава, Португалецот е еден од најдобрите во ти от на Пеп Гвардиола. На 54 натпревари постигна седум гола и запиша осум асистенции.
Англиските медиуми тврдат дека Силва во доверна на своите пријателим им кажал дека ќе го нашушти клубот. Според овие извори му бил потребен нов предизвик во кариерата.
Неговиот договор трае до летото 2025 година, што значи дека потенцијалниот купувач ќе треба да му плати на Сити 80 милиони евра.
Најголем интерес за него веќе подолго време покажува Барселона, но во трката би можел да се вклучи и ПСЖ.
Можно е финалето во Лигата на шампионте, кое ќе се одигра во сабота, да биде последниот натпревар за Силва во дресот на Манчестер сити.