Во средата, Лионел Меси потврди дека нема да се врати во Барселона ова лето, решавајќи за трансфер во САД во Интер Мајами, откако претходно беше прв приоритет на каталонскиот клуб, кој сега мора да направи промени во својот план.
Според угледната „Марка“ летниот преоден рок ќе почне со претставување на Ињиго Мартинез, кој се согласи на слободен трансфер по крајот на неговиот договор со Атлетик Билбао, по што Чави Ернандез се надева дека ќе се најде вистинск замена за 34-годишниот Серхио Бускетс, кој беше незаменлив повеќе од една деценија во каталонскиот клуб.
Една од желбите е Илкај Гундоган од Манчестер сити, чиј договор завршува на крајот на сезоната и се очекува дека тој ќе ја направи конечната одлука по финалето на Лигата на шампиони овој викенд, а потенцијално засилување во средината на теренот е Јаник Караско, бидејќи се блиску до договор со Атлетико Мадрид.