Top Sport

(ВИДЕО) Младите „аѕури“ со спектакуларен гол од слободен удар закажаа финале против Уругвај на Мундијалито

Италија и Уругвај ќе играат во финалето на Светското првенство за фудбалери до 20 години, популарното Мундијалито. Младите „аѕури“ ја совладаа Јужна Кореја со 2:1 и им се придружија во финалето на Уругвајците, кои претходно славеа над Израел со 1:0.

Симоне Пафунди, кој има само 17 години, беше херојот на Италија за пласман во финалето. Тој со фантастично изведен слободен удар, само четири минути откако влезе во игра, и тоа во 86.минута, постигна победнички гол за влез во финалето.

Италија дојде во водство со голот на Чезаре Касадеи во 14.минута. Тој го постигна седмиот гол на Мундијалито и јасно е дека ќе биде „златна копачка“ во ова натпреварување.

Корејците израмнија од пенал во 23. минута по реакција од ВАР собата, а успешен реализатор беше Сеунг Вон Ли.

Scroll to Top