Top Sport

Де Брујне: И со тројна круна, Сити нема да ги замолчи критичарите

Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне тврди дека дури и со тројна титула неговиот клуб нема да го добие посакуваниот респект од критичарите.

Пред утрешното финале од Лигата на шампионите против Интер во Истанбул, каде што Сити може до третата титула оваа сезона по таа од Премиерлигата и ФА купот, Де Брујне вели дека и со тројна титула, нешто што досега им успеало само на Манчестер јунајтед во 1999 година нема да бидат препознаени како елитен клуб.

„Ако победиме во сабота, тогаш некои луѓе ќе кажат зошто не победивме против Саутемптон во Лига купот за четири титули. Тоа е начинот на кој се одвиваат работите. Ние се обидуваме да победиме на секој меч, но понекогаш не си доволно добар и понекогаш другиот тим е подобар од тебе. Мораме да го прифатиме тоа. Знам дека ако победиме некои луѓе нема да ни го дадат потребниот респект, но и тоа не ми пречи“, вели Де Брујне.

Scroll to Top