Top Sport

Лаутаро: Чувството е исто како пред финалето на СП

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез вели дека е подготвен да ја искористи својата шанса и по освојувањето на Светското првенство во Катар да се закити и со медал од финалето на Лигата на шампиони.

Интер според многумина се големи аутсајдери во дуелот со Манчестер сити на Пеп Гвардиола, но Мартинез е подготвен за борба.

„Како фудбалр тоа се двете големи финалиња во кои можеш да играш. Сезоната беше дефинитивно позитивна за мене и задоволен сум од мојата игра, но сега е важно да завршиме на најдобар можен начин. Кога ќе стигнеш до финалето, треба да си подготвен да го направиш и последниот чекор. За сите во клубот ова е важен меч“, вели Лаутаро.

Scroll to Top