Top Sport

Газдата на Тотенхем го претстави новиот и го осуди поранешниот тренер

Газдата на Тотенхем, Даниел Леви, на промоцијата на новиот тренер Анџелос Постекогл, говореше и за екс тренерот Антонио Конте, Леви изјави дека Конте работел спротивно на идеите на клубот.

Леви сакаше напаѓачки, офанзивен и ефикасен Тотенхем, а од Конте доби тим кој не беше атрактивен за гледање. Познато е и како заврши соработката помеѓу Тотенхем и Конте, со бурен раскин и со остри зборови од Италијанецот на едно од последните појавувања пред медиумите како менаџер на Тотенхем.

Конте е минато, а Австралиецот Ангелос Постекоглу е сегашноста на клубот кој очајнички скаа освои било каков трофеј.

На промоцијата на новиот менаџер, зборовите на Леви јасно алудираа на творештвото на Конте за клубот што ретко кој можеше да помисли дека има случајности.

„Донесовме разумна одлука дека сакаме тренер кој ги разбира нашите идеи, сакаме да играме напаѓачки фудбал, да ги убедиме сите да уживаат да доаѓаат на нашите натпревари и да се забавуваат“, рече Леви.

Очигледно, голем дел од оваа изјава се однесуваше на стилот на игра на Конте, дефанзивен, како што бил отсекогаш, но тоа не беше идејата на клубот со Италијанецот.

За потсетување, Конте доби отказ во март, откако беше елиминиран од Лигата на шампионите од Милан со двоен пораз, во кој англискиот тим не постигна ниту еден гол.

Конте потоа го критикуваше Леви, изјави дека тој е виновникот за постојаните неуспеси на клубот, објаснувајќи дека доколку таквиот тренд на резултати продолжи со години, тогаш одговорноста мора да ја имаат челниицте, а не играчите и тренерите кои се менуваат.

Новиот менаџер на Тотенхем потпиша четиригодишен договор. За него Тотенхем плати оштета од 5.800.000 евра.

Scroll to Top