Манчестер сити ја освои титулата во Лигата на шампионите. Финалето на Олимпискиот стадион Ататурк во Истанбул, го реши Родри во 68.минута. Ова е прва титула за Сити во клупската историја и прва за Пеп Гвардиола како менаџер на овој клуб.
Сити како апсолутен фаворит влезе во финалето, меѓутоа Интер одлично се спротивстави. Апсолутно ја контролираше играта Интер во првиот дел, кој го обележа шансата на Халанд и повредата на најдобриот играч на „граѓаните“, Де Брујне.
Сити го засили притисокот во вториот дел, меѓутоа одбраната на Интер не им дозволуваше на противниците да се доближат до голот на Онана.
Интер имаше шанса преку Лаутаро во 60.минута, меѓутоа Аргентинецот беше себичен, се реши да шутиа од тешка позиција и покрај тоа што во подбра позиција беа Лукаку и Барела.
Клучниот момент се случи во 68.минута. Аканџи го исфрли Силва по десната страна, тој ја врати топката во средината, таа се одби од еден играч на Интер, на неа налета Родри кој пласираше во десниот агол.
Три минути подоцна Ди Марко беше во шанса, ја погоди гредата, упати уште еден удар кој го блокираше неговиот соиграч Лукаку.
Фоден во 80.минута имаше можност да го реши натпреварот, упат слаб удар, кој лесно го одбрани Онана.
Интер најголемата шанса ја имаше во 88.минута, кога Лукаку од пет метри ја зафатаи топката со глава но топката го погоди коленото на голманот Едерсон.
До крајот уште една шанса за Интер во последните секунди која остана нереализирана.
Сити сезоната ја заврши со три трофеи со што го повтори успехот на градскиот ривал Јунајтед од 1999 година.