Top Sport

Македонка им суди на Ѓоковиќ и на Руд во финалето на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд го играат финалето на Ролан Гарос, а Србинот ги освои првите два сета со 7:6 и 6:3 во гемови. Само уште еден сет го дели од историскиот 23. гренслем – трофеј во кариерата.

Во овој историски меч на теренот „Филип Шатрие“ има и Македонка, меѓу линиските судии која ја дели правдата на големата тениска пресметка. Тоа е Анета Павловска која веќе неколку години суди на најголемите тенискис турнири ширум светот. Таа за првпат дебитираше на Ролан Гарос во 2017 година и има завидно искуство.

Каспер Руд се обидува да се врати во ритам по загубените два сета, но се чини дека Ѓоковиќ е во одличен ритам.

Scroll to Top