Играчот од редот за врска на Реал Мадрид, Федерико Валверде е блиску до преселба во Ливерпул, пишува „Ел Насионал“.
Весникот пишува дека „црвените“ и претходно биле заинтересирани за Уругваецот и испратиле понуда од 60 милиони евра, која „кралскиот клуб“ категорично ја одбил барајќи 100 милиони евра.
Работите во меѓувреме се сменија, сега „црвените“ се подготвени да платат. Понудиле 80 милиони евра плус 20 милиони преку разни бонуси.
Оваа понуда ќе биде сериозно разгледана од челниците на Реал.
Валверде минатата сезона одигра 56 натпревари за Реал Мадрид и постигна 12 гола и забележа седум асистенции.
Нешто повеќе за неговиот трансфер ќе се знае наскоро кога ќе се врати од годишниот одмор.