Бугарската фудбалска легенда Димитар Бербатов откри детали за животот во Манчестер јунајтед под капитенство на Немања Видиќ, велејќи дека Србинот бил секогаш расположен за шега, но дека не смеете да го налутите.
„Тој е шегаџија, има одлична смисла за хумор. Ако не го познавате, можеби ќе се навредите, но тој е таков. Уште се слушаме, бидејќи тој е фантастичен човек“, вели Бербатов.
Сепак, тој открива дека на тренинзите не било смешно секогаш.
„Знаете, постојат фудбалери против кои не сакате да играте. Видиќ беше таков. Кога играв за Тотенхем беше вистински кошмар. Потоа, кога дојдов во Јунајтед, на тренинзите беше вистинска војна. Тој не удираше сите – мене, Роналдо, Руни. Но, кога ќе дојдеше натпревар, бев среќен што имам таков човек покрај мене. По секој меч тој имаше модринка, крвареше, но никогаш не се жалеше“, вели Бербатов, кој одигра 159 меча за Јунајтед постигнувајќи 56 голови и освојувајќи две титули од Премиер лигата.