Фудбалерите на Реал Бетис, Борха Иглесијас и Аитор Руибал влегоа во јавна битка со хомофобите меѓу фудбалските фанови во Шпанија, откако една нивна фотографија беше предмет на потсмев поради то што носе чанти.
Фотографијата на Инстаграм на Руибал, Иглесијас, Хуанми, Виктор Руиз и Виктор Камараса од свадба на еден член на техничкиот тим на Бетис на социјалните мрежи беше пречекана со низа хомофобични коментари, на што Руибал одговори со низа пораки на Твитер.
„По исфрустрираните обиди на гласното малцинство да се потсмева со мојот колега Борха Иглесијас поради нашата облека која нема врск со сексуалната ориентација сакам да порачам – мора да се почитува секој човек без разлика на сексуалната ориентација. Мораме да се оддалечиме од секоја фобија за нормален живот во општеството. Проблемот е на тие кои имат нетолерантност и комплекси“, напиша Руибал.
Иглесијас, кој и пред неколку сезони ги обои ноктите за да ја крене свесноста за хомофобијата и дискримаацијата, исто така се јави со коментар.
„Секогаш кога ќе се појават вакви ситуации, ми даваат дополнителна сила да се борам за сите да можат да уживаат во својот живот. Тие кои уште се во преисториско доба, можам да ви пратам само храброст, бидејќи мора да е тешко да не еволуираш и да се оптоваруваш со вакви теми“, напиша Иглесијас.