Италијанското ГП не започна најдобро за Ферари и Себастијан Фетел, откако по само еден круг на патеката излезе безбедносното возило откако Луис Хамилтон го „закачи“ Германецот во борба за второто место зад освојувачот на пол-позицијата, Кими Раиконен.
Инцидентот не беше голем и стјуардите оценија дека не се потребни казни, но резултатот е таков што Себастијан Фетел мораше да влезе во боксот и на крајот е на 18. место, додека Хамилтон го задржа второто место.
Веднаш по заминувањето на безбедносното возило, Хамилтон успеа да го помине Раиконен, но Финецот веднаш се врати на првото место за да најави супер-возбудлива трка.
What a start!!! Vettel Hamilton incident #F1 #ItalianGP pic.twitter.com/VxVwKxyObI
— F1Writers™ (@f1writers) September 2, 2018