Top Sport

Лаказет извлече тешка победа за „топчиите“ во Велс (видео)

Александер Лаказет со прекрасен гол во 81. минута донесе 3:2 победа на Арсенал на гостувањето кај Кардиф сити, за да го намали притисокот на нивниот нов тренер, Унаи Емери.

Во возбудлив меч, Арсенал двапати водеше, но домаќините некако успеваа да се вратат во игра за во финишот да потклекнат под притисокот на „топчиите“.

Шкодран Мустафи со фантастичен удар со глава во 11. минута донесе водство за гостите од Лондон, но Виктор Карамаса во финишот на полувремето ја искористи невнимателноста на одбраната на „топчиите“ за да израмни на 1:1.

Арсенал повторно дојде во предност преку Пјер-Емерик Обамејанг со убав удар од дваесетина метри во 62. минута, меѓутоа новакот во Премиер лигата израмни во 70. минута преку Дени Ворд, пред Лаказет во 81. минута да ја обезбеди втората победа во четири натпревари на стартот на ПЛ.

Scroll to Top