Top Sport

Нестварна доминација: Јокиќ ги воодушеви Американците

Кошаркарите на Денвер Нагетс станаа шампиони во НБА лигата откако во финалната серија го совладаа Мајами со резултат 4:1.

Тимот од Колорадо на патот до трофејот го предводеше Никола Јокиќ, кој во просек бележеше 30,2 поени, 14 скока и 7,2 асистенции.

Српскиот центар испиша нови страници во историјата на најсилната кошаркарска лига на планетата. Тој стана најслабо рангираниот играч на драфтот кој стигна до МВП наградата. Да потсетиме дека Јокиќ беше 41. пик на Нагетс, на драфтот во 2014 година.

Јокиќ стана само шестиот играч роден надвор од Соединетите Американски Држави кој е прогласен за МВП на финалето.

Пред него тоа беа Јанис Адетокумбо (Милвоки, Грција, 2021 година)), Дирк Новицки (Далас, Германија, 2011), Тони Паркер (Сан Антонио, Франција, 2007) и Хаким Олајџувон (Хјустон, Нигерија, 1994 и 1995 година).

Џокер е првиот играч во историјата кој е лидер по бројот на поени, скокови и асистенции во плеј-офот. Јокиќ плејофот го заврши со 600 поени, 269 скока и 190 асистенции.

Сепак, тој покажа каков спортист е во моменти на најголема еуфорија. Додека неговите соиграчи ја прославуваа историската титула, тој ја одложи прославата за неколку секунди за да се ракува со тренерот и секој играч на Мајами Хит, да им честита на борбата и да каже неколку утешни зборови.

Scroll to Top