Килијан Мбапе (24) го шокираше ПСЖ. Со писмо го известил клубот дека не сака да го продолжи договорот кој трае до летото 2024 година. Француските медиуми пишуваат дека Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ бил „запрепастен и ужаснат“. Најмногу бил лут што Мбапе на таков начин решил да му ја соопшти одлуката.
поради две причини. „Тој не разбира како можеше да му го направи тоа на ПСЖ, кој направи толку многу за него и сметаше на него за иднината. Особено е огорчен што тоа го направи во писмена форма“.
„Мбапе му се обраќа на клубот со официјално писмо. Како да е странец, а не легенда на клубот и најплатен играч“
„Ле Парисиен“, открива дека во клубот биле бесни што Мбапе го испратил писмото по изјавата на претседателот на Реал, Флорентино Перез: „Мбапе доаѓа во Мадрид“.
„Мбапе ни заби нож во грб“, пишува „Ле Парисиен“, повикувајќи се на извори од клубот.
„Во ПСЖ се збунети што Мбапе им се обратил со официјално писмо бидејќи таков начин на комуникација помеѓу клубот и нивниот најдобар и најплатен играч е непотребен.
Шокантно е што писмото прво го испрати до медиумите, а потоа и до ПСЖ.
Можел прво нив да ги извести, но реши да не го прави тоа. Се однесува како да не е во клубот со години“, пишува „Њујорк тајмс“.
Мбапе е во ПСЖ од 2017 година, кога дојде на позајмица од Монако. Една година подоцна беше купен за 180 милиони евра. Оттогаш, тој одигра 260 натпревари за клубот, постигна 212 гола и забележа 98 асистенции.
Минатиот мај тој го продолжи договорот до 2024. ПСЖ му плаќа 1,4 милиони евра неделно. Мбапе во Париз има годишна бруто плата од 72 милиони евра.