Спортскиот директор на Јувентус Џовани Мана преговара со претставници на Челзи околу трансферот на српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Мана во Лондон разговарал со директорите на Челзи кои се заинтересирани за српскиот напаѓач.
Мана објави дека Јувентус е подготвен да ги слушне сите понуди за Влаховиќ.
„Јувентус и Челзи ги отворија преговорите околу трансферот на Влаховиќ. Сепак, зделката не е блиску до реализација, бидејќи Челзи им го нуди на Јувентус Ромелу Лукаку и Рубен Лофтус-Чик и пари за српскиот фудбалер. Челзи сака на овој начин да ја намали цената на Влаховиќ, но Јувентус инсистира српскиот фудбалер да го напушти Торино само со парична отштета“, пишува италијанскиот весник.
За српскиот репрезентативец е заинтересиран и Баерн, кој сака да доведе квалитетен напаѓач во летниот преоден рок. „Трансфермакт“, проценува дека Влаховиќ вреди 75 милиони евра.
Влаховиќ (23) пристигна во Јувентус на почетокот на 2022 година од Фиорентина. За Јувентус оваа сезона одигра 42 натпревари и постигна 14 голови.