Top Sport

Шпанија и Бразил играат за поддршка на Винисиус

Фудбалските репрезентации на Шпанија и Бразил следната година во март ќе одиграат пријателски натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Дуелот ќе се игра како дел од кампањата организирана во борбата против расизмот и во знак на поддршка за играчот на Реал Мадрид и Бразил Винисиус, потврди во вторник претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес.

„Важно е да се разбере дека мора да се применат строги казни во случаи на расизам од страна на фудбалските власти. Само паричните казни не се доволни. Мора да се вклучат и клубовите. Бразилската ФА беше првата која воведе казни за случаи на расизам, како што се одземање поени на клубовите, затворање трибини за навивачите и доживотна суспензија. Треба да започнеме глобална кампања за борба против овој вирус кој ги засрамува сите во фудбалот“, рече Родригез.

Рубиалес и неговиот колега, претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација Ендалдо Родригез се сретнаа на работен ручек во Мадрид за да започнат заедничка акција против расизмот „Една кожа“.

Во мај, Бразилската фудбалска федерација ја започна кампањата „Нема фудбал со расизам“.

Scroll to Top