Џејмс Милнер е ново засилување за тимот на Брајтон, откако англискиот ветеран реши да ја продолжи кариерата во Премиерлигата откако му заврши договорот со Ливерпул.
Следната сезона ќе биде неверојатна 22-ра во Премиерлигата за Милнер, кој претходно играше и за Лидс јунајтед, Астон вила, Њукасл и Манчестер сити.
37-годишниот Милнер потпиша едногодишен договор со тимот на Роберто де Ѕерби.
Welcome to #BHAFC, @JamesMilner! 👋 pic.twitter.com/dtziUeed53
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) June 14, 2023