Top Sport

Дориев се збогува од Шкендија

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев се збогува од Шкендија. Тој по истекот на договорот кариерата ќе ја продолжи на друго место, најверојатно во странство.

Дориев во изминатите три години го носеше дресот на Шкендија и израсна во еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат, стекнувајќи се и со статус на репрезентативец.

Поминати три прекрасни години, чест и гордост беше да го носам овој дрес. За Шкендија, навивачите (Балистите) и Тетово – „БЛАГОДАРАМ“ е малку што можам да кажам. На сите ви посакувам здравје, среќа и успех. Јас останувам голем навивач на Шкендија и сигурен сум дека следуваат нови успеси и радости за клубот и навивачите“, објави Љупчо Дориев на социјалните мрежи.

Scroll to Top