Повторно се очекува Барселона да има скап летен преоден рок со повеќе засилувања, по што веднаш почна со загриженоста на навивачите на каталонскиот гигант дали ќе успеат да ги регистрираат играчите поради строгите правила на Ла лига и тешката финансиска ситуација во клубот.
Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, сепак, успеа да добие одобрување за финансискиот план од Ла лига, со што ќе можат да донесат засилувања, иако ќе мораат да продадат дел од играчите. Пред сенатот на клубот, Лапорта денеска вети дека најважните играчи ќе бидат регистрирани.
„Ја намаливме сумата која ја даваме за плати, но пред нас се уште задачи за исполнување за клубот да се натпреварува со гаранции за спортски успех. Тоа се правила кои ги наметнува Ла лига и мораме да ги почитуваме. Нашиот план за следните две години е одобрен и тоа не беше лесно да се оствари. Сепак, ја избегнавме ситуацијата на најтешки последици и ќе ги регистрираме ваѓните играчи ова лето“, вели Лапорта.