Top Sport

Драматичен пораз во три сета за Македонија во Задар

Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да ја забележи и третата победа во Златанта Европска лига, губејќи во Задар со драматични 2:3 (25:20, 17:25, 23:25, 25:15, 13:15) од Хрватска.

Откако и на првиот меч, селекцијата на Јошко Миленкоски се намачи со Хрватите  за 3:2 победа, дуелот на гости беше полн со пресврти, и на крајот домаќините стигнаа до својата прва победа во овогодишното натпреварување.

По одличниот почеток и освоениот прв сет со 25:20, се случи пад во формата на македонската репрезентација, посебно во лошиот втор сет, за домаќините да поведат со 2:1 во сетови. Сепак, тогаш македонскиот одбојкари го одиграа најдобриот сет, освојувајќи го со 25:15, пред во тај-брејкот, иако имавме и предност од два поени (12:10), Хрватите ги освоија последните три поени за победа.

Во последното коло од натпреварувањето, Македонија го пречекува фаворитот Украина, репрезентација која има пет победи во пет меча, и ниту еден загубен сет.

Фото: ЦЕВ

Scroll to Top