Фудбалскиот клуб Воска Спорт го промовираше наследникот на Берат Имери. Клубот во Првата македонска фудбалска лига ќе дебитира со тренерот Миљан Радовиќ.
Радовиќ има 47 години, а во кариерата бил тренер во Индонезија и во црногорските клубови Дечиќ, Сутјеска и Грбаљ. Црногорецот со Воска Спорт потпиша едно годишен договор.
Клубот од Охрид ангажманот на радовиќ го потврди на клупската Фејсбук страница.