Top Sport

ЕХФ потврди, Еурофарм Пелистер ќе игра во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Еурфарм Пелистер има сигурно место во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24.

Покрај Еурофарм Пелистер, загарантирано место во фазата по групи имаат уште Барселона, ПСЖ, Кил, ГОГ, Магдебург, Веспрем, Кјелце, Порто и Целје.

Вајлд-карта за учество во Лигата на шампините побарале ППД Загреб, Динамо Букурешт, Кристијанштад, Спортинг Лисабон, Колстад, Монпелје, Алборг, ПИК Сегед, Кадетен Шафхаузен и Висла Плоцк.

ЕХФ ќе подели шест вајлд-карти за учество во Лигата на шампионите.

Лигата на шампионите и во новата сезоната ќе се игра по стариот систем, односно ќе бидат формирани две груши со по осум тима.

Scroll to Top