Top Sport

Пелистер и Вардар во иста група во Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече групите за ракометната Суперлига во новата сезона 2023/24.
Формирани се две групи со по осум клуба. Во Б-групата се актуелниот првак Еурофарм Пелистер и освојуваќот на купот, Вардар 1961.

Група А: Струга (1), МРК Куманово (2), ГРК Тиквеш (3), Скопје 2020 (4), Алкалоид (5), Еурофарм Пелистер 2 (6), Аеродром (7), ГРК Охрид (8).

Група Б: Пролет 62 (1), Прилеп (2) Вардар 1961 (3), РК Мулти Есенс (4), Голден Арт (5), Еурофарм Пелистер (6), Бутел (7), Вардар Неготино (8).

Новата сезона ќе започне во септември. Претходно Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, со натпреварот во Суперкупот ќе ја отворат новата сезона.

Scroll to Top