Top Sport

По „корпата“ од Меси, Гундоган е прв приоритет на Барселона

Барселона го идентификувала капитенот на Манчестер сити, Илкај Гундоган како прв приритет во летниот преоден рок, по одбивањето на Лионел Меси да се врати на „Ноу Камп“, тврди „Атлетик“.

Каталонскиот клуб е подготвен да му даде тригодишен договор на 32-годишниот Германец, а тренерот Чави Ернандез го смета за клучен играч за нговит планови. Тој веќе имал повеќе контати со фудбалерот за да му објасни точно што се очекува од него.

Голем проблем претставува комплексната финансиска ситуација во клубот, поради што не можат да гарантираат дека тој ќе биде регистриран во Ла лига, бидејќи Барса мора да собере околу 200 милиони евра за да ги регистрира договорите на неколкуте фудбалери кои ги обновија договорите или за новите засилувања.

Од друга страна, Пеп Гвардиола го убедува клубот да му го продолжи договорот на капитенот, а се верува дека и Арсенал се заинтересирани.

Scroll to Top