Top Sport

Велосипедистот Мадер загина во Швајцарија по пад во провалија

Швајцарскиот велосипедист Џино Мадер го загуби животот по пад на Трката околу Швајцарија, потврди неговиот тим, „Бахреин викториус“.

„Со длабока тага и тешки срца мораме да објавиме дека нашиот велосипедист Џино Мадер го загуби животот. По сериозниот пад на 5. етапа на Трката околу Швајцарија, Џино не успеа да се врати во живот“, велат од тимот.

26-годишниот Мадер излетал од патот при симнувањето од Албула планинскиот премин, и паднал во провалија. Медицинскиот тим се обидел да го врати во живот на лице место, пред тој да биде пренесен во болницата во Хур.

Мадер во 2021 година ја освои белата маичка на Вуелта Еспања, како најдобар млад велосипедист, а на Џиро Д’Италија стигна до победа на шестата етапа.

Scroll to Top