Јувентус им го продаде Дејан Кулушевски (23) на Тотенхем. „Старата дама“ од овој трансфер ќе инкасира 30 милиони евра. Претходно, клубот од Лондон го позајми фудбалерот за 10 милиони евра.
Јувентус ги врати парите кои ги вложи во трансферот на Дејан Кулушевски. Во август 202о година тој од Аталанта пристигна во клубот, откако одигра извонредна сезона како позајмен играч во Парма.
Шведскиот репрезентативец ќе потпише договор со лондонскиот клуб до јуни 2027 година.
Минатата сезона Кулушевски настапи на вкупно 37 натпревари во дресот на Тотенхем, постигна два гола и забележа осум асистенции. .
Кулушевски е првиот играч кој официјално го напушти Јувентус во преодниот рок. Се очекува во наредниот од Јувентус да заминат Адријан Рабио, Хуан Квадрадо, Алекс Сандро…