Младиот напаѓач од Сенегал, Николас Џексон (21) ќе потпише договор со Челси, пренесува англиски „Атлетик“.
Џексон има добра сезона зад себе во дресот на Виљареал. Постигна 13 гола и го привлече вниманието на големите клубови, поради што од „Стенфорд Бриџ“ решија да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор.
Челси за Џексон на Виљареал ќе му плати 35.000.000 евра.