Top Sport

Лајпциг бара 100 милиони за Гвардиол

Манчестер сити, во летниот преоден рок сака да го освежи тимот кој ја освои тројната круна. Пеп Гвардиола има желба дефанзивата да ја засили со Јошко Гвардиол. Новинарот на „Скај спорт Германија“, Флоријан Плетенберг, пишува дека Гвардиола сака да се пресели на „Етихад“ и ги откри условите под кои би можел да се реализира трансферот.

Актуелниот клуб на Гвардиол, Лајпциг, би го одобрил трансферот за 100 милиони евра. Сити наводно не е подготвен да потроши толку многу во моментов, но би сакал да ја заврши работата за околу 15 милиони евра помалку.

Следното лето за Гвардиол ќе биде активирана клаузула во договорот според која тој ќе може да замине доколку некој за дефанзивецот издвои 110 милиони евра.

Гвардиол, во Лајпциг пристигна од Динамо Загреб во 2021 година. Хрватскиот шампион од следниот трансфер ќе добие 20 отсто.

Scroll to Top