Килијан Мбапе против аутсајдерот Гибралтар израмни рекордот стар 65 години. Рекордот се однесува на бројот на постигнати голови од француски фудбалер во една сезона.
Голот против Гибралтар беше 39. за Мбапе во дресот на националниот тим и 53. во сезоната. Мбапе го израмни рекордот на легендарниот Жист Фонтен во 1958 година.
Мбапе беше најдобра стрелец на Мундијалот во Катар со осум гола, а сезонава за Франција постигна вкупно 12 голови. Тој беше и најдобар стрелец на францускиот шампионат со 29 гола , додека во натпреварите од Лигата на шампионите постигна седум гола, а во Купот на Франција пет.
Доколку во понеделник, постигне гол против Грција, ќе го урне рекордот на Фонтен.