Кошаркарите на Анадолу Ефес ја освоија титулата во Турција. Финалната серија против Пинар Каршијака, Ефес ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, играчите на Ефес славеа и во првиот меч одигран на теренот на Каршијака со 83:74.
Ефес победникот го реши со серија 9:0 во смиот финиш. откако Каршијака израмни на 74:74.
Василије Мициќ на овој меч го предводеше Ефес до победата со дури 29 поени седум тројки), Двоцифрени беа и Шејн Ларкин со 15, додека Родриг Бубоа со 11 поени. На другата страна видовме се истакнаа Виторио Браун со 21 и Ерик Мекалум со 18 поени и 11 асистенции.
Натпреварот на кој Ефес ја освои 16.титула во Турција беше последен за Ергин Атаман на клупата на овој клуб. Атаман од наредната сезона ќе го предводи Панатинаикос.