Тијаго Мота стана прв фаворит да ја преземе тренерската позиција во Пари Сен-Жермен и неговиот клуб, Болоња не верува дека ќе може да го задржи италијанскиот тренер со бразилско потекло.
ПСЖ решија да се разделат со Кристоф Галтие по само една сезона, и подолго време преговараа со поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, но според француските медиуми, Германецот на крајот го одбил францускиот шампион.
Мота, пак, ја презеде Болоња во септември по отказот за Синиша Михајловиќ и во 32 меча на клупата собра 1.5 поени по натпревар и играше напаѓачки фудбал.