Top Sport

Гарнет: Јокиќ е најскромниот играч, повеќе го интересираше ќеркичката од прстенот

Поранешната НБА ѕвезда, Кевин Гарнет вели дека е воодушевен од однесувањето на ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, и покрај критиките кои дел од коментаторите во САД ги упатија кон Србинот.

Јокиќ ги предводеше Денвер нагетс до НБА титулата, но ги изненади сите со својата летаргична реакција, и по изјавата дека сака да ја „прескокне“ победничката парада за да се врати во Србија за својата коњичка трка овој викенд.

„Џокер е најскромниот кој сум го видел. Никогаш не сум видел некој кој освоил НБА прстен и потоа бил поспан. Повеќе го интересираше ќеркичката, беше исклучен. Велеше, нее, имам лет си одам. Ама, парадата. Тоа беееше најскромното нешто што сум го видел. Кога сте виделе вашиот најдобар играч да е во третиот ред на славеничката фотографија“, вели Гарнет во разговор со Пол Пирс.

Scroll to Top