Пауло Дибала по неговата одлична сезона за Рома, сака да добие зголемување на платата за да остане на „Олимпико“, тврди „Кориере дело спорт“.
29-годишниот Аргентинец стигна како слободен играч во Рома минатото лето, потпишувајќи тригодишен договор и во моментов е најдоброплатен играч во тимот на Жозе Мурињо со 6 милиони евра годишно ако се земат во предвид бонусите за голови и асистенции.
Во неговиот договор има отпусна клаузула за не-италијански тимови од само 12 милиони евра, и Рома сака да ја отстрани со нов договор, посебно поради интересот на клубови од Премиерлигата.