Додека тој не можеше без фудбалот, за неговото семејство ситуацијата е сосема поинаква. Неколку дена по смртта на Силвио Берлускони, италијанските медиуми тврдат дека неговото семејство се подготвува да ја продаде Монца.
Берлускони, поранешниот италијански премиер и поранешен газда на Милан, почина минатата недела на 86 години. Неговата страст за фудбалот беше добро позната – тој го купи Милан во 1986 година и со нив освои титули од Италија и од Лигата на шампионите, пред да го продаде на кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли во 2018 година. По ова, тој веднаш ја купи Монца, која тогаш настапуваше во Серија Ц, и минатата сезона ја внесе во Серија А, и тие лесно обезбедија опстанок.
Според „Кориере дела сера“, во семејството по неговата смрт почнало да се разговара за неговото наследство, и постои согласност да го остават фудбалот во минатото. Покрај тоа, неговиот долгогодишен соработник и „десна рака“, Адријано Галијани би бил задолжен да се ослободи од фудбалскиот клуб, а во исто време да ја преземе неговата улога во италијнскиот сенат како претставник на партијата Форца Италија.
„Поради љубовта кон Силвио Берлускони, ќе направам тоа што го можам во било кој сектор, политички или фудбалски“, одговорил Галијани.