Top Sport

Саутгејт пред мечот со Македонија ги предупреди играчите да не мислат на трансферите

Англискиот селектор Герет Саутгејт на шега вели дека многу од неговите играчи размислуваат за трансфери пред утрешниот меч со Македонија, предупредувајќи ги да останат фокусирани.

Неколку играчи од тимот на Саутгејт, влучувајќи го капитенот Хери Кејн, Деклан Рајс, Хери Мегваер, Кајл Вокер, Џејмс Медисон и Конор Галагер се поврзувани со трансфери во следните неколку недели.

„Не можам да направам ништо околу тоа. Им кажав да ги остават тие работи на страна, да останат да течат слободно и да не се фрустрираат цело лето. Не мораме да бидеме информирани за секоја шпекулација. Знам дека сега има многу преговори и се сеќавам кога бев играч дека тоа пречеше. На крајот, не го контролираат тоа. Знаат дека мора да се фокусираат на мечот во следните неколку часа, да ја завршиме ссезонатак ако што треба и да останеме совршени“, вели Саутгејт.

Scroll to Top