Top Sport

Директорот на Телеком ги плукал играчите на Партизан

Третиот натпревар од финалната серија во АБА лигата, дуелот меѓу Црвена звезда и Партизан, го обележа инцидентот што се случи пред почетокот на натпреварот.

На згревањето навивачите на Црвена звезда, вербално ги навредуваа играчите на партизан и фрлаа по nив со разни предмети. Играчите на двата тима се повлекоа во соблекувалните, а почетокот на натпреварот доцнеше.

По натпреварот, Црвена звезда излезе со соопштение декатие што фрлале по играчите на Партизан, не биле навивачи на црвено-белите, туку „биле навивачи на друг клуб облечени во дресови на немања Недовиќ“.

На социјалните мрежи пак се појавја видеа, каде во главна улога е Драшко Марковиќ, член на Управниот одбор на Црвена звезда и член на владеачката Српска напредна партија.

Марковиќ е извршен директор на Телеком задолжен за човечки ресурси. Тој беше еден од најжестоките меѓу оние кои ги нападнаа играчите на Партизан додека се загреваа.

Извршниот директор на Телеком во еден момент дури подигнал и столче кое имал намера да го фрли во играчите, но обезбедувањето го смирило.

Интересно е што компанијата на Марковиќ, Телеком е сопственик на Арена спорт и е еден од главните спонзори на Кошаркарскиот клуб Партизан.

Вишото јавно обвинителство во Белград нареди полицијата да поднесе кривична пријава против Д.М за насилничко однесување.

Инаку, третиот меч го доби Црвена звезда со 91:78 и го намали водството на Партизан на 2:1. Четвртиот натпревар ќе се игра во вторник, со почеток во 19 часот, а домаќин повторно ќе биде Црвена звезда.

Scroll to Top