Top Sport

Хесус Навас ја комплетираше триплета

Шпанскиот репрезентативец Хесус Навас беше член на три шампионски кампањи на селекцијата од Пиринејскиот полуостров.

Дефанзивецот на Севиља стана првиот играч во историјата кој има титули од Светско и Европско првенство и Лигата на нации.

Синоќа, ветеранот беше дел од составот на Шпанија, кој по изведување на пенали, ја побед Хрватска и го освои троејот во Лигата на нации.

Најдобриот играч на Лига Европа во сезоната зад нас го освои Светското првенство со Шпанија во 2010 година, а потоа и Европското првенство две години подоцна. На нов успех чекаше 11 години.

Навас се врати во репрезентацијата откако Луис де ла Фуенте стана селектор.

Scroll to Top