Макс Ферстапен вчера стигна до својата четврта победа едноподруго, триумфирајќи на Канадското ГП каде што најголем предизвик му беше птицата која влета во неговиот болид. Тој го пријави тоа во првиот дел од трката во Монтреал, а шефот Кристијан Хорнер објасни што точно се случило.
„Мислам дека најголем проблем му беше што удри птица, чии остатоци останаа зад сопирачката на предното десно тркало“, вели Хорнер.
Ферстапен беше подиректен: „Беше заглавена на болидот кога влегов вобокс, не беше убаво. Жал ми е а механичарот кој мораше да ја извади“.
Холанѓанецот е толку доминантен оваа сезона што водеше во секој круг на последните три трки, а ако се смета и трката во Мајами, тогаш е во водство од 7 мај.
⚠️ Warning: Graphic image
A picture of the bird that was stuck in Max Verstappen’s brakes during the Canadian Grand Prix
Wow 😳
[@Charreljalving]#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/DBQrVORwQz
— Fastest Pitstop (@FastestPitStop) June 19, 2023
Verstappen did indeed hit a bird sitting on the red/white curb exiting one of the chicanes pic.twitter.com/V4L09MYu2G
— CJ Fogler account may or may not be notable (@cjzero) June 18, 2023