Top Sport

Екс-селекторот Ангеловски на суд ја добил премијата што му следувала според договорот

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, по судски пат си ја добил премијата која му следувала според договорот за изборениот пласман на Европското првенство. Македонија историскиот пласман на едно големо натпреварување го избори преку Лигата на нации. Во баражот, во Тбилиси против Грузија, голот на Горан Пандев го реши победникот и патникот на континенталниот шампионат.

Синоќа по историскиот дебакл, поразот од 7:0 во дуелот со Англија, се огласи адвокатот Александар Тортевски, откри дека претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, не сакал да го испочитува договорот со селекторот Ангеловски, одбил да му ја исплати премијата за обезбедниот пласман на ЕП.

„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата па моравме да одиме по судови“, напиша на „Твитер“, адвокатот Тортевски.

Фудбалската федерација на Македонија, од пласман на ЕП, заработи речиси 10.000.000 евра.

Scroll to Top