Тотенхем не планира да го продаде Хеунг-мин Сон и покрај тоа што за репрезентативецот на Јужна Кореја сериозен интерес покажале неколку клубови од Саудиска Арабија.
Новинарот Фабрицио Романо, инаку специјализиран за фудбалски трансфери, тврди дека дека Тотенхем не добил официјална понуда за еден од своите најдобри играчи, кој има договор до летото 2025 година и вреди 60 милиони евра според „Трансфермаркт“.
Минатата сезона, Сон постигна 14 гола на 47 настапи.
Колегата на Романо, Џанлука Ди Марцио, кој исто така е специјалист за фудбалски трансфери, објави дека неименуван саудиски клуб му понудил на Сон 120 милиони евра за четиригодишен договор, додека Тотенхем би заработил 60 милиони евра.
И Ди Марцио, како и Романо се сомнева дека Тотенхем ќе ја прифати понудата.