Патрик Муратоглу, тренер кој има работено со голем број тенисери, смета дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња и дека за тоа не треба да има дебата.
Тренерот на младиот Данец, Холгер Руне и поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Симона Халеп, Григор Димитров и други, ова го истакна во интервју за „Лекип“.
„Можеме да одлучува за тоа врз основа на објективни или субјективни критериуми. Не сакам да навлегувам во тоа. Единствено за што можеме да зборуваме се споредбите во освоените титули. Во моментов Ѓоковиќ има најмногу грен слем титули (23), најмногу Мастерс титули (38), најмногу освоени завршни турнири (6) и најмногу недели поминати на врвот на АТП листата (388)“, истакна Муратоглу и додава.
„Тој ги победува во сè и има најголеми шанси да продолжи да освојува титули. Крај на приказната. Можеби не е вешиот омилен тенисер, можеби не го игра најубавиот тенис, но…“, додаде тој.
Ѓоковиќ обично се става во иста реченица во трката за најдобар тенисер на сите времиња со Роџер Федерер и Рафаел Надал. Освен што е поуспешен од своите најголеми ривали, српскиот тенисер е и единствениот кој барем три пати има победено на секој Грен слем.
Има позитивен скор во меѓусебните дуели со двајцата, со Надал (30:29), со Федерер (27:23).
Тој е единствениот играч кој ги победил и Надал и Федерер на сите четири Грен слем турнири.