Вест хем ја одбиле и рекордната понуда од 90 милиони фунти за Деклан Рајс од Арсенал, останувајќи на својата проценка од 100 милиони фунти за својот капитен.
„Топчиите“ претходно ја одбија и понудата од 80 милиони фунти, но преговорите ќе продолжат бидејќи менаџерот Микел Артета го смета англискиот фудбалер од средниот ред за негова најважна цел во летниот преоден рок. Според „Атлетик“, Рајс бара зделката да се заврши до крајот на месецот и ги преферира Арсенал пред другите канидати.
Вест хем решија да го продадат Рајс ова лето, откако тој не се согласи да го продолжи договорот, но „чеканите“ не планираат да нудат никакви „попусти“. За Рајс беа заинтересирани и Манчестер јунајтед и Манчестер сити, но и Баерн Минхен, кои се откажаа од наддавањето поради високата сума.